FAQ - Најчесто поставувани прашања
Каква конфигурација е потребна за инсталирање на софтверскиот пакет Мсофт?
Софтверскиот пакет Мсофт работи на било каква конфигурација со најмалку Windows 7 и пристап до интернет. Но сепак за подобри перформанси препорачуваме конфигурација која подржува Windows 10.
Дали е потребен интернет за работа на програмскиот пакет?
Во зависност од фирмата има различни типови на инсталација.
- Најчесто на Вашиот компјутер се инсталира само десктоп апликација, додека базите на податоци (SQL server) се хостирани на сервер на некој од нашите оператори (во нашиот случај Телеком). Така имате пристап до податоците од било каде во светот, доколку имате инсталирано десктоп апликација на Вашиот уред со Windows
- Во случај кога интернет конекцијата во Вашата компанија не е многу стабилна, или се работи за компанија каде има фреквенција на печатење на фискални сметки (Ресторан или продавница) препорачуваме локална инсталација на SQL server на ваш компјутер, за да вашата работа не зависи од интернет конекцијата. Сепак и во ваков случај постои можност за далечински пристап на податоците со инсталирање на DNS сервер.
Кој тип на Фискален уред е подржан од Мсофт?
Програмскиот пакет Мсофт е прилагоден за скоро сите Фискални апарати на Македонскиот пазар, но сепак за подобри перформанси ги препорачуваме следните уреди:
- Фискален принтер Акцент PF700
- Фискален принтер Акцент PF550
- Фискална каса Акцент SY250
За да може да се приклучи Фискален уред компјутерот мора да има COM port на самата матична плоча, или се користи адаптер COM to USB.
Како се формира цената на софтверскиот пакет?
Софтверскиот пакет го даваме ГРАТИС. Плаќате само трошоци за инсталација и обука, во зависност од избраниот пакет и бројот на работни станици на кој се инсталира.
Што е подобра опција? Месечно одржување или годишен паушал?
Во опција се двете варијанти, со тоа што годишниот паушал зе плаќа авансно на почетокот на годината. Сепак ние ви препорачуваме да ја изберете опцијата Месечно одржување поради бројните погодности:
Договорот за месечно одржување ги вклучува следните услуги:
- Дополнителен развој на софтверот (задолжителни законски промени)
- Измени и дополнувања во постоечките модули
- Надомест за серверот со база на податоци
- Телефонски консултации
- Отварање на нова година преку интернет
- Пренос на салда преку интернет
- Интервенции преку Internet
- Интервенции во нашите простории
- Преинсталација на софтвер
- Снимање(заштита) на податоци на Ваше барање
- Прилагодување на изгледот на документите според потребите на корисникот
Колку е времетраењето на лиценцата за користење на софтверот?
Кај клиентите со договор за месечно одржување, лиценцата има важност се додека трае договорот.
Кај клиентите кои ја одбрале опцијата Годишен паушал, лиценцата е со важност од 12 месеци, и се обновува автоматски со уплата на паушалот. Доколку помине Лиценцата дозволени се само извештаи (со мал надомест за чување на Вашите податоци на нашиот сервер)
Како може да добијам помош, доколку се соочувам со некој проблем при користење на софтверот?
Во тој случај може да не побарате на телефон (075/213-967) или да ни испратите е-маил:
gordana@manasievkompjuteri.com.mk
Или да ни пратите порака директно во софтверот преку опцијата
Администратор/Евиденција/E-MAIL -Манасиев
Најчесто проблемите се решаваат со телефонски разговор или Remote подршка преку помошниот софтвер Ultraviewer или AnyDesk.
Телефонската подршка ви е достапна секој работен ден од 08-16 часот.
Може ли да го тестирам софтверот пред да се одлучам да го користам?
Секако. Може да ви инсталираме демо верзија која може да ја тестирате 30 дена. Во тој тест период можете и да не побарате на телефон доколку се соочувате со нејаснотии околу користењето. Можете да побарате помош и од упатствата на нашата веб-страна.
Колку се сигурни податоците кои се чуваат на серверот?
Доколку Вашата база на податоци е хостирана на нашиот сервер, за сигурноста на податоците воопшто не треба да се грижите. Секојдневно се прави бекап на податоците на самиот сервер, а повремено се снимаат и на друг компјутер, така да е скоро невозможно да дојде до губење на податоците.
Но доколку податоците се локално, на ваш сервер, вие сте одговорни за нивно снимање. На вашиот компјутер има програмче кое автоматски се активира при вклучување на истиот, и прави бекап на точно дефинирано време (3, 5, 7 дена по ваш избор) но пожелно е еднаш до двапати месечно да си направите бекап на надворешен уред.
Сè уште имате прашања?
Контактирајте го нашиот тим за повеќе информации