За најава во програмот секој вработен користи свој пасворд.

 

Се отвара опцијата за избор на маса или веќе отворени сметки.

 

Може да бирате нова маса со кликање на бројките (1-45) или да видите сите фискални, испратници, ненаплатени сметки или сите вкупно сметки.

Откако ќе изберете маса или сметка, се јавува следниот прозорец:

 

Овде може да направите нова нарачка (со кликање на соодветното копче) или да испечатите Фискална сметка, Сметкопотврда или Испратница.

 

Ако го изберете полето Нарачка (нова) ќе ви се отвори следниот прозорец:

 

Овде ја внесувате новата нарачка со бирање дали е од групата кујна или шанк, или од сите артикли. Кога ќе внесете се што е нарачано кликате на прати нарачка и артиклите се праќаат во соодветната сметка.

Доколку на шанкот или во кујната имате дополнителен компјутер, со бирање на опцијата Шанк/Кујна, нарачки преглед се отвара прозорец каде автоматски излегуваат сите нови нарачки:

 

Кога вработениот ќе ја подготви нарачката со избор на копчињата F4 или F5 ја трга нарачката од листата.

 

Во било кое време, вработените можат да ја проверат состојбата на касата со избор на опцијата Дневен промет

 

Секој вработен може да го види прометот само од неговата смена (шифра).

Вкупниот промет може да се види со главната шифра на менаџерот или сопственикот.

 

Во делот Малопродажба/Извештаи/Периодичен извештај за продажба:

 

Овде можете да бирате дали да го видите вкупниот промет по сите корисници на програмот или поединечно за кој вработен сакате.

 

 

За повеќе информации јавете се на тел.

075/213-967  033/271-987  Манасиев-компјутери