Од менито ја бирате опцијата Администратор / Матични податоци / Корисници на програмот.

Ако сакате да дефинирате нов корисник кликате на НОВ внесувате корисничко име (подолго од 8 знаци, задолжително да содржи голема, мала буква, бројка и специјален знак), Лозинка (најмалку 6 знаци, задолжително да содржи голема, мала буква, бројка и специјален знак), внесувате име на корисникот (не е задолжително) и др. податоци и кликате на копчето  СНИМИ НОВ

За промена на лозинка на веќе постоечки корисник – го бирате корисникот од десната страна на екранот, ја менувате лозинката (најмалку 6 знаци, задолжително да содржи голема, мала буква, бројка и специјален знак) и кликате на копчето ПРОМЕНИ.

Да дефинирате кои опции од програмот може да ги гледа даден корисник кликате на          USER ACCES се отвара друг прозорец. Во кој го бирате корисникот и селектирате кои опции да бидат достапни. На крај кликате на СНИМИ ПРИСТАП.