Од менито од левата страна ја бирате опцијата Материјално работење.

Потоа горе бирате Влезни и други документи, овде имате избор дали е од домашен или странски добавувач (Увозна Калкулација).

Првата опција е Приемница (од добавувач)

Прво во полето Магацин изберете во кој магацин ќе правите прием на робата. Потоа отварате нов документ со тоа што пишувате нареден број во полето Број на документ, и кликате на Отвори.

Кликнете на Yes, за да отворите нов документ

Пишете ја датата на документот, софтверот автоматски ја предлага денешната. Изберете Добавувач, а доколку го немате внесено во базата на податоци, кликнете на линкот Внеси нова фирма, и ќе ви се отвори форма за внесување на фирми. Во полето по ф-ра(влезна) пишете го бројот на фактурата по која правите Приемница, дата на фактурата и рок на плаќање. Кликнете на линкот Внес на ставки(долу) и ќе можете да пристапите кон внес на артикли.

Во полето артикал ја пишувате шифрата на артикалот или дел од името а софтверот ќе ги најде сите артикли кои го содржат внесениот подзбор.

Со двоен клик го бирате артикалот и внесувате количина, набавна цена со ДДВ или без ДДВ по Ваш избор. Софтверот сам ќе ја пресмета другата цена. Доколку го немате внесено артикалот во базата на податоци, кликнете долу на линкот Внеси нов артикал, и ќе се појави форма за внесување на артикли.

За да го испечатите внесениот документ кликате на полето Печати F8 (За хоризонтално печатење- Landscape F9) Документот можете да го експортирате во ПДФ верзија за праќање на e-mail. Само кликнете на линкот Експорт во ПДФ.

 

На ист начин се внесува и Увозна калкулација (Приемница), која се однесува за роба која е набавена од увоз.

Овде треба да се пополнат полињата според увозната декларација. Девиза, курс, Добавувач и износ на фактурата во девизи. Потоа царина, Шпедиција и Превоз доколку има. Износот на платен ДДВ се внесува посебно во полињата за ДДВ 18% или 5%. Во полето Други царински давачки се внесува износ на други платени давачки кои сакате да влезат во цената на чинење на робата. Кликате на Внес на ставки и ги внесувате набавените артикли.

Ја внсувате набавната цена во девизи, софтверот ќе ја пресмета набавната цена со вклучени трошоци за превоз и други давачки.

На ист начин се внесуваат и другите влезни документи.